Кои документи треба службениците да ги приложат?
Macedonian Competition Authorities
- За да се изврши претрес на компанијата, службениците на македонската Комисија за заштита на конкуренцијата („КЗК“) треба да го приложи заклучокот за извршување на инспекција во соодветното трговско друштво.
- Прочитајте го заклучокот на КЗК за извршување на контрола и проверете многу внимателно:
- Дали нашата компанија е адресантот ?
- Кој е описот на фактите и околностите, кои резултираат во издавање на заклучок?
- Кој тип на информации службениците имаат право да ги побараат/претресат?
- Доколку заклучокот за извршување инспекција не е приложен, имате право да ја оспорите контролата.
Каде и како службениците можат да вршат претрес?
Macedonian Competition Authorities
- Службениците имаат право, во рамки на нивното вршење на претрес, да влезат и ги претресат сите деловни простории, возила и земјиште кои се од значење за спроведување на истрагата.
- Вие сте обврзани да ја толерирате контролата пасивно. Поради тоа, не сте обврзани да активно помагате во контролата. Сепак, доколку одбиете вршење на испекцијата, службениците можат да употребат асистенција од органот на државната управа надлежен за вршење на работите на јавниот ред и мир. Во случај на опасност од прикривање, измена или уништување на фактите или документите кои би можеле да бидат соодветниот или било кој акт со кој се овозможува службениците да ги извршат своите активности, службениците на КЗК имаат право да извршат контрола со помош на полиција. Поради тоа се препорачува да соработувате.
- Имајте во предвид дека КЗК може да наложи казна во износ до 1% од годишниот приход во последната деловна година во случај на:
- постапување спротивно на заклучокот на КЗК;
- поднесување на погрешни или нецелосни податоци со кои може да го доведат КЗК во заблуда;
- оневозможување на пристап на службениците на КЗК во деловните простории, земјиштето или превозните средства;
- оневозможување на истрага врз книгите и другите документи;
- оневозможување на одземање на предмети, книги или документи;
- оневозможување на запечатување на простории/документација или отпечатување на запечатувањето;
- одбивање да се даде објаснување во врска со релеванти факти или околности;
- други активности со кои се оневозможува постапката.
- Побарајте од службениците да почекаат додека пристигне надлежното лице од правниот оддел или надворешен адвокат пред тие да започнат со контрола (службениците не се обврзани да го почитуваат ова барање).
Што може да претресуваат службениците?
Macedonian Competition Authorities
Кој може да биде интервјуиран од страна на службениците и како?
Macedonian Competition Authorities
Службениците имаат право да испрашуваат и земат усмени и писмени изјави од сите овластени лица или вработени со цел да се разјаснат соодветни факти или документи. Доколку се бара писмена изјава, службеникот се обврзува да го наведе рокот во кој што се треба да се даде изјавата. Овластените лица и вработените се обврзани да обезбедат информации.
- Побарајте да бидете прашани само во присуство на надворешен адвокат.
- Побарајте прашањата да се поставуваат само на формално интервју. Сите соодветни прашања и одговори треба да се евидентираат или треба да се направи записник во текот на интервјуто. Осигурајте се дека сите прашања и одговори забележуваат во записник во текот на интервјуто. Побарајте копија од записникот и потпишете го, само ако ги содржи точните и целосните податоци. Никогаш не потпишувајте друг документ пред да се консултирате со надворешен адвокат.
- Службениците може да побараат било какви информации потребни за спроведување на истрагата.
- Одговарајте само на прашања кои се однесуваат на целта на инспекцијата. Одговарајте само на поставените прашања. Дадете кратки и прецизни одговори. Кажете им на службениците доколку не го знаете одговорот на прашањето. Не правете претпоставки.