Open navigation

EU Guidelines

For inspection by European Commission.

Кои документи службениците мораат да ги презентираат? 

European Commission
 

  1. За да извршат проверка на компанијата, службениците мора да приложат писмено решение за инспекција од Европската Комисија, и да предадат еден заверен примерок од истото. Доколку службениците приложат само писмено овластување за инспекција, вие не сте обврзани да бидете подложени на инспекцијата. Во овој случај, контактирајте го правниот оддел или надворешниот адвокат пред да преземете било какви понатамошни чекори. 
  2. Доколку службениците вршат претрес во приватни куќи или автомобили, потребно е да е издаден налог за претрес од суд.  
  3. (2) Прочитајте ги документите многу внимателно и проверете: 
    • Дали нашата компанија е адресантот?  
    • Кои обвиненија се покренати против нашата компанија (предмет на инспекцијата)? 
    • Каде може службениците да извршат претрес?  

Каде и како службениците може да извршат претрес? 

European Commission
 

  1. Службениците имаат право да ги претресат сите соби, возила и други простории, како што е дадено во приложените документи (види погоре 1. (2)). Вие не смеете да го одбиете пристапот до било која таква просторија. 
  2. (2) Службениците не смее да употребат сила врз лицата или имотот, пр. не смеат да влезат во затворени соби или шкафови. Сепак, имаат право да побараат тие затворени соби, шкафови или слично да се отворат. Доколку службеникот побара од вас да отворите шкаф или слично, направете го тоа, но најпрво прашајте што тој/таа бара и дадете му/ѝ го тоа вие самите. 
  3. (3) Службениците исто така имаат право да постават прашања (види точка 4 подолу). 

Што може службениците да претресуваат? 

European Commission

 

  1. Генерално, службениците имаат право да извршат инспекција и да ги копираат сите документи како што е дадено во приложените документи (види погоре 1. (2)), дури и доколку тие вклучуваат деловни тајни. Сепак, тие не смеат да одземат оригинали, и имаат право само да направат копии. Внимавајте: секогаш направете една копија од тој документ за надворешните адвокати. 
  2. Следните документи не смеат да се читаат или копираат од службениците: 
    • Приватни документи доколу истите не се од значење како доказ.  
    • Документи кои не се поврзани со предметната материја од истрагата, доколку инспекцијата оди надвор од утврдувањето дека документите се опфатени со предметната материја (види погоре 1. (2)) 
    • Преписка меѓу компанијата и надворешниот адвокат кој е прифатен во земја-членка на ЕУ, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн или Швајцарија (т.е преписките со адвокати од САД не се опфатени).  
    • Внатрешни документи на компанијата кои рефлектираат само и/или содржат правен совет од надворешните адвокати како што е опишано погоре. 
    • Подготвителни внатрешни документи на компанијата кои се изготвени со единствена цел барање правен совет од надворешни адвокати.  
  3. Доколку службениците сакаат да извршат инспекција на тие привилегирани документи, покажете ги само деловите на овие документи кои ја докажуваат нивната привилегирана природа. Доколку привилегираната природа на одредени документи е оспорена, побарајте овие документи да се постават во запечатени пликови или кутии, додека не се донесе конечна одлука за привилегираната природа. 

  1. По барање вие мора да обезбедите пристап на службениците до ИТ средината и медиумите за складирање (лаптопи, десктопи, таблети, мобилни телефони, CD-ROM, DVD, USB-клуч, клауд-услуги, итн.), кога ќе е потребно со  обезбедување на лозинки и/или администраторски права за пристап или со вршење на дополнителни задачи побарани од службениците. Службениците може да го искористат нивнниот сопствен форензички ИТ софтвер и/или хардвер. Осигурајте се дека никој нема да ги попречува на било каков начин ваквите мерки преземени од службениците. Сепак, службениците не смее да ги одземат компјутерите или други предмети, туку само да направат електронски копии. Внимавајте: секогаш направете дополнителна копија од тој електронски документ за надворешните адвокати. 
  2. Доколку привилегирани документи се зачувани на соодветниот медиум за складирање, службениците можат да го ископираат целиот медиум за складирање без претходно испитување по што во просториите на Европската комисија би се проценило дали податоците се привилегирани при што во предметот би ги задржале непривилегираните податоци а од нивната копија би ги избришале останатите податоци. 
  3. Доколку селекцијата на соодветни документи за истрагата не е завршена во текот на инспекцијата во просториите на компанијата, службениците во запечатен плик ќе земе копија од податоците кои треба да се претресат. Побарајте дупликат. 

  1. Службениците имаат право да запечтат меѓу другото простории, објекти, соби, шкафови и документи, на пример, доколку инспекцијата трае неколку дена. Не го прекршувајте запечатувањето во било кој случај. Преземете соодветни чекори за да се осигурате дека запечатувањето нема да биде отстрането или оштетено. Кршењето на запечатувањето е кривично дело и може да доведе до многу високи казни за компанијата. 

Кој може да биде испрашан од службениците и како? 

European Commission
 

Службениците можат да побараат објаснувања од сите вработени во врска со целите дадени во приложените документи (види горе 1. (2)). Вработениот мора да има во предвид дека може да биде лично одговорен во согласност со националното право.  

  1. Побарајте да бидете испрашувани само во присуство на надворешен адвокат. 
  2. Побарајте прашањата да бидат поставени само на формално интервју каде ќе се гарантира дека прашањата и одговорите ќе се евидентираат. Побарајте копија од сите записници на службениците. Никогаш не потпишувајте било каков документ пред да се консултирате со адвокат. Потпишете ги записниците, само доколку истите се точни и целосни. Доколку не се точни или целосни, инсистирајте да се коригираат. 
  3. Објаснете им на службениците дека само менаџментот има право да дава изјави во име на компанијата. 

  1. Останете смирени и задржете се на фактите. Не се однесувајте агресивно. 
  2. Прашајте дали имате право да молчите. Запишете го одговорот. Доколку е потребно, побарајте дополнително објаснување. Доколку имате право на молчење, не треба да се даваат одговори пред да се консултира надворешниот адвокат. 
  3. Прашајте ги службениците дали може да отфрлат било каква мерка на државен орган против вас лично од страна. Запишете го одговорот. Доколку е потребно, побарајте дополнително објаснување. Доколку инспекторите не ви дадат потврда, побарајте да го контактирате надворешниот адвокат пред да дадете одговор. 
  4. Не одговарајте било какво прашање доколку одговорот би ја инкриминирала нашата компанија, односно доколку тоа би значело признавање на постоење на прекршување на конкрентското право на ЕУ. 
  5. Одговорајте само на прашања кои всушност се однесуваат на целта на инспекцијата. Одговарајте само на поставените прашања. Држете се до фактите и не коментирајте од правна гледна точка. Кажете им на службениците доколку не го знаете одговорот на прашањето. Не правете било какви претпоставки.   
Back to top Back to top